Наташа Беквалац потврди дека е трудна – Еве што рече за тоа дека по втор пат ќе стане мајка

Пејачката и нејзиниот нов дечко Лука Лазукиќ имаат причина за славје, затоа што е точно дека чекаат бебе.

По неофицијалните информации дека Наташа Беквалац е бремена, и дека чека дете со Лука Лазукиќ, се огласи и пејачката и ги потврди наводните за бременоста.

Наташа гостуваше во емисијата „150 минути“, на ТВ Прва, каде отворено зборуваше како се чувствува кога е во блажена состојба.

„Мислам дека веста за бебето е среќна и дека не треба да се крие, а мислам и дека е премногу рано да за тоа се зборува. Не затоа што сакам да глумам во некоја супер ѕвезда, или затоа што сум арогантна, или затоа што сакам да правам фама околу себе, отколку затоа што секоја мајка треба да мине одреден временски период од неколку месеци за да сите бидат мирни и стабилни, па да тогаш да можеме да зборуваме за среќната вест“, изјави Наташа.

Бидејќи Наташа веќе ја има ќерката Хана од бракот со Данило Икодиновиќ.

„Моето дете не може да дознае ништо од весниците. Моето дете расте со мене, јас своето дете го одгледувам од кога се роди, така да јас сама својата куќа ја градев од многу цврсти ѕидови и темели. Така мислам дека со детето никогаш немав проблем кога станува збор за тие теми. Таа сега е зрела десетгодишна девојка, и многу добро знае за што се работи, што е мојата работа и што мојата работа носи“, изјави Наташа.

Да потсетиме, Наташа и Лука заедно се откако пејачката по втор пат се разведе (од Љуба Јовановиќ), а се зборува и дека и двајцата наскоро ќе застанат на лудиот камен.
Scroll to Top