„Не е дете да го учам јас“, вели сопругата на Дарко Лазиќ по скандалот со дрогата

Кога вчера беа објавени снимки на кои се гледа како фолк-пејачот Дарко Лазиќ се дрогира, во јавноста се рашири веста дека со сопругата Ана Севиќ се развеле уште пред два месеца. Според многумина, Дарко почнал да се дрогира баш поради разводот и тагата. Но, новинарите во Србија објавија една постара изјава од Ана за која велат дека покажува оти Дарко имал проблеми со зависноста и претходно.

„Тој не сфаќа дека е јавна личност и дека е под будното око на јавноста. Не е мал, не можам јас да му држам лекции. Му посакувам сè најдобро во животот и посакувам некои работи да ги разбере сам. Можам јас да зборувам до задутре, но залудно е додека тој самиот не сфати“, рекла Ана.

Бракот на Ана и Дарко уште од почетокот привлекуваше внимание – Ана го изневеруваше Дарко со Аца Лукас, а тој објави фотографии на кои се бакнува со маж.

Скандалот на Лазиќ со кокаинот поттикна полициска истага во Србија. Полицијата ја нарекла истрагата „Црта“, трагаат по дилерите на естрадата, но ја истражуваат вмешаноста на српската естрада во трговијата со наркотици. Деталите од истрагата ќе бидат објавени набргу.

Scroll to Top