Не живеат заедно веќе 3 години: Харис Џиновиќ се разведува од сопругата

Медиумите пренесуваат дека легендарниот пејач на народна музика Харис Џиновиќ се разведува од сопругата Мелина Џиновиќ, креаторката чии модели ги носи и познатата Џенифер Лопез.

Пејачот Харис Џиновиќ по 22 години врска и десет години брак се разведува од сопругата Мелина Џиновиќ. Парот кој важеше за еден од најхармоничните на српската естрада, наводно веќе се договорил како да го подели имотот по разводот.

„Харис си оставил недвижен имот во странство, додека на Мелина и нејзините наследници ја оставил куќата во Сењак вредна 3,4 милиони евра“, изјавил неименуван извор за медиумите и додал: „Покрај тоа што се согласува да ги покрие сите трошоци поврзани со децата, патувањето, образованието“. Истиот извор тврди дека Мелина и Харис не живеат заедно од 2020 година, односно „кога Харис е во Белград, Мелина не е“.

Љубовта меѓу пејачот и модната дизајнерка започнала во 2002 година, кога Мелина била трета година на студии.

Scroll to Top