Неда Украден со нов имиџ за новиот спот

Фолк-пејачката Неда Украден деновиве престојува во Загреб каде што го снима спотот за песната „Бела кошула“. Пејачката објави селфи фотографија од снимањето на која е со сосема поинаков имиџ од порано. Таа се пофали со новиот изглед, но тој им се допадна и на нејзините следбеници на „Инстаграм“, кои ѝ поделија бројни комплименти. Спотот треба да биде промовиран наскоро.

Scroll to Top