Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, купил вила во Црна Гора, во градот Љута, која вреди милиони, пишува Слободна Далмација.
Имотот се наоѓа во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој му помогнал да ја избере идеалната оаза на мирот во Црна Гора, каде што сака да престојува во лето кога му дозволуваат тениските обврски.
Вилата е во одлична состојба, но Ѓоковиќи сакал целосно да ја уреди според нивните стандарди и посебни афинитети, поради што во моментов се работи во неа. Имотот на српскиот тенисер, сличен на зградите во луксузната населба Љута, се наоѓа веднаш на брегот на морето и излегува на сопствена приватна плажа.
„Така е, Ѓоковиќ купи вила во Љутa. Тоа е огромен имот со куќа со поглед на море. Секој овде има своја приватна плажа. Југослав Кариќ му најде вила како неговата. Таму моментално се работи. Нема ништо лошо во таа величествена зграда, само сакаат да биде уште подобра“, изјавил добро информиран извор.
Според информации на Слободна Далмација вилата на Кариќ вреди околу 1,3 милиони евра.
Фото: Ивана Микиќ/Рингие