Новак Ѓоковиќ се враќа на тениските терени

Освојувачот на 12 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ, во декември ќе се врати на тениските терени. По долгата пауза, својот прв турнир ќе го има на шампионатот во Абу Даби, кој се одржува од 28 до 30 декември.

Ова ќе биде прв натпревар на српскиот тенисер по полуфиналето на Вимблдон кога го предаде мечот против Томаш Бердих поради повреда на лакотот. Ѓоковиќ досега трипати го освојувал турнирот во Абу Даби.

„Пресреќен сум што се враќам во Абу Даби. Вистинска чест е да се биде дел од толку посебен турнир“, вели Ѓоковиќ.

Овој турнир не е дел од АТП-турнејата, но организаторите даваат огромни парични награди за да ги привлечат најголемите тениски ѕвезди.

Scroll to Top