На хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред неколку дена Врховниот суд и го одзеде старателството над малолетниот син и целосно му го врати на поранешниот сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ.
Таа сега ќе може да го гледа својот син во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела. Оваа вест одекна во медиумите, а Северина ја поддржаа бројни колеги.
Северина деновиве често се огласува на социјалните мрежи споделувајќи информации за својот случај со пошироката публика. Таа денеска, меѓу другото, ја потсети јавноста дека во истиот хотел во австрискиот ски-центар се сретнале нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ со кого се суди и судијата кој работел на нивниот случај.
„И сега во прилог на имињата на судиите кои ја донесоа оваа одлука за моето дете, кое никогаш не го виделе. Името на судијата што првпат ми го одзеде детето во 2019 година, во правдата божја, односно донесе пресуда дека детето го гледам 88 часа месечно е Теа Голуб, која ако се сеќавате беше со таткото на моето дете на скијање и не ги зема предвид моите поднесоци и ми се смееше во моето лице на секое сослушување. Таа сега не е тема, но ниту се простува, ниту е заборавена“, напиша Северина.
Медиумите потсетуваат дека судијката Теа Голуб тогаш зборуваше и се обиде да објасни што се случило.
„Стигнавме во хотелот вечерта во саботата, на 4 јануари, и не сум сигурна дали се сретнавме истата вечер или следното утро во ходникот на хотелот“, рече тогаш таа, додавајќи дека била со семејството но таму бил и Поповиќ со своето дете и друштво.
„Сигурно сме се поздравиле четири или пет пати затоа што се сретнавме во тој хотел во кој има ресторан, но никогаш не седевме на иста маса и не разговаравме за ништо, освен со вообичаените љубезни поздрави“, изјави таа.
Претходно донесе пресуда со која старателството над синот на Северина Којиќ и Милан Поповиќ му го додели само на таткото.
„Пролетта плативме за скијање назад и што требаше, да си заминеме“, рече таа и потврди дека во тој хотел имало и нејзини колеги и адвокати од Загреб кои можеле да ги видат.
Како што тогаш изјавила, освен што се поздравила со Милан Поповиќ, немала никаков друг облик на комуникација со него, ниту била во друштвото во кое бил тој, бидејќи таа и нејзиното семејство биле дел од поголема компанија.