Огнен Амиџиќ во преддијабетска состојба  

Познатиот водител Огнен Амиџиќ од пред извесно време почнал да чувствува замор, поспаност и млитавост.

Веднаш отишол на доктор и дознал дека боледува од инсулинска резистенција.

Станува збор за преддијабетска состојба од која боледуваат и Гоца Тржан и актерката Софија Рајовиќ.

„Тоа не е премногу сериозна состојба, туку е метаболистичко нарушување. Подолго време чувствував разни симптоми, дури не бев ни изненаден кога дознав за што станува збор. Тоа е е последица од начинот на живеење што го водам – неспиење, стрес, лудница, варирање на тежината. Но поентата е сето тоа да го решам со исхрана. Докторот ми порача помалку да се нервирам и редовно да спијам“, рекол водителот за српските медиуми.

Scroll to Top