Ограбен домот на Дара Бубамара

Крадци влегле во домот на Радојка Аџиќ, позната како Дара Бубамара и украле пари и скапоцености во вредност од над 30.000 евра. Тие зеле три златни синџирчиња и еден часовник, една бунда и две чанти, а од дневната соба украле неколку уметнички слики и две уникатни вазни.

Како што пренесува „Курир“, крадците биле толку тивки, што никој од соседите не слушнал ништо. Откако повикала полиција, Дара повикала и компанија да ѝ вгради безбедносни камери, а планира да ангажира и обезбедување што ќе патролира пред куќата.

„Да ги најдеме виновниците, па ќе ви кажам сè што сакате“, рекла Дара за новинарите. Таа додала дека не може да поверува дека токму неа ѝ се случило тоа.

 

Scroll to Top