Оливер Драгојевиќ: Следнава хемотерапија ќе каже што ќе биде со мене

Оливер Драгојевиќ на почетокот на ноември го прослави својот 70-ти роденден, а неодамна се дозна и дека боледува од рак на белите дробив. По ова, медиумите остојано пишуваа за него, прво дека ги откажал концертите, а потоа се прошири и лажната вест, дека починал.

Оливер, веќе е на хемотерапија, и вели дека засега добро ја поднесува. Тој конечно, по сите пишувања, се огласи во јавноста.

„Лежам, гледам телевизија. Така сега изгледаат моите денови. Добро сум, одам понатаму. Морам да туркам. Ќе видиме дали сѐ ќе биде во ред после оваа тура хемотерапија. Сѐ е уште многу неизвесно и не се знае што ќе биде “, изјавил Оливер Драгојевиќ за српскиот магазин Блиц.

На прашањето дали се преплашил кога му ја кажале дијагнозата, рекол: „ Како и сите луѓе, енергијата ми е нормална, не сум луд да се исплашам. Болеста е болест, секој пати на свој начин и се бори да истрае во своите надежи и да оди напред “

„Не знам зошто јавноста толку ја интересира моето здравје. Имам некој живот кој е приватен и така сакам да биде, но тоа за жал веќе не е приватно, бидејќи толку многу се пишува за мојата болест. Што ли ќе кажат луѓето кои читаат дека сум блен, а толку блни има на светов “,  рекол пејачот.

 

 

Scroll to Top