Ова е новиот премиер на нашиот северозападен сосед – Избрана косовската влада

By
Според Харадинај, Косово е во тешка економска ситуација, ослабен со недовербата на граѓаните во институциите. Со 62 гласови „за“, избраниците во косовскиот парламент ја избраа новата влада. Новоизбраниот премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот со Белград ќе биде продолжен и дека нема друга алтернатива.Харадинај го доби мандатот пред коалицијата PAN (Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Иницијативата за Косово) и Алијансата ново Косов на Беџет Пацлија.

Презентирајќи ги основните цели на новата косовска влада, Харадинај на седницата на собранието изјави дека идната владата ќе биде влада на сите граѓани на Косово.

 

Според Харадинај, Косово е во тешка економска ситуација, ослабено со недовербата на граѓаните во институциите.

Тој изјави дека Косово ќе го води во членството во НАТО, почитувајќи го Уставот и пријателството со сојузниците.

„На Косово му е отежнат патот кон ЕУ, и тоа ќе го промениме. Ние ќе разговараме со сите. Немаме алтернатива во дијалогот со Србија“, изјави Харадинај и наведе дека ќе инсистира на отворањето на внатрешниот дијалог на Косово.

Во делот на своето инаку кратко излагање во формирањето на новата влада, говореше и на српски јазик, порачувајќи дека ќе работи на засилувањето на довербата со Србите, поради заедничкиот живот.

Во косовскиот парламент стигнаа и претставници на Српската листа, кои беа отсутни поради состанокот со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ во Белград.

 

На седницата присуствуваа и амбасадорите на влијателни западни земји, ЕУ, КФОР, и други. Денешната седница во собранието има една точка на дневен ред – избор на новата косовска влада.

Претходно денеска избраниците на Српската листа одлучија да, по состанокот со директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија Марко Џуриќ да влезат во идната кососвска влада.

Се очекува да поддршката за Харадинај ќе им овозможи пратеници од редовите на малцинските заедници. Сите тие вкупно бројот 62 гласови, а за изборот на владата потребни се 61.

Харадинај го претстави предлогот на составот на новата влада. Освен него, во неа ќе бидат и потретседателите Евнер Хоџај, Фатимир Лимај, Беџет Пацоли, Далибор Јевитиќ, Дардан Гаши.

 

Министерот за финансии ќе биде Бедри Хамза, министерот за иновација Бесим Бечај, министерот за правда Абелард Тахири, за здравство Уран Исмајлји, министерката за европски интеграфции Дурата Хоџа, министерот за култура Кујтим Гаши, додека министер за инфраструктура ќе биде Палј Љекај.

За министер за безбедносни сили предложен е Рустем Бериша, министер за образование Шучри Битичи, министер за трговија Бајрам Хасани, министер за работа Скендер Речица, надворешни работи Беџет Пацоли, додека за ресор за заштита на околината ќе биде задолжена Алјбена Решитај.

Кандидатите за министерот за внатрешни работи се Флјамур Сефај, економски развој Валјдрин Лука, дијаспората Дардан Гаши, локална самоуправа Иван Тодосијевиќ, враќањето на Далибор Јевтиќ, земјоделство Ненад Рикало, јавни служби Махир Јагчилар и рурален развој Расим Демири.

На заседавањето во четвртокот беше завршено и конституирањето на косовскиот парламент кога за претседател беше избран лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели, а за еден од петте потпретседатели пред Српската листа избран е Славко Симиќ.

Погледнете го обраќањето на Рамуш Харадинај:

 

 

Ќе ви се допадне