Пејачката Едита мора на итна операција

By

Популарната млада пејачка Едита Арадиновиќ ќе мора да направи пауза во кариерата поради здравствени проблеми.

Пејачката ќе мора да оди на итна операција поради полипи на гласните жици.

„Едита во последните неколку недели чувствувала дека нешто не е во ред со нејзиното грло. Иако има премногу обврски во врска со снимањето на хуманитарното шоу на програмата ‘Твоето лице звучи познато’, проблемите кои ги чувствувала ги ставила на страна затоа што е голем професионалец и сакала да ги заврши обврските, дури и на нејзина штета. Последниот настап во шоу-програмата го одработила буквално на мускули затоа што не се чувствувала добро. Дури и примила инјекција за да може да издржи“, открива извор близок до пејачката.

„Лекарот ѝ соопштил дека ситуацијата е алармантна и дека полипите се исклучително големи, и дека мора итно да ги оперира за да ги сочува гласните жици. Тој ѝ предложил да ги откаже сите настапи и да мирува за ситуацијата дополнително да не се влоши“, вели изворот. „Оваа вест Едита многу ја погодила, со оглед на тоа дека имала големи планови по завршувањето на шоу-програмата ‘Твоето лице звучи познато’. Сепак, свесна е дека живее од својот глас и дека ќе мора да ги послуша советите на лекарот“.

 

 

Ќе ви се допадне

Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season (https://gogoanime.be/m/nMPg) Episode 1 at website https://gogoanime.be seven deadly sins gogoanime

Death Note (Dub) Episode 37 at website https://animeheaven.pro animeheavens