Пејачката Вера Матовиќ ја има највредната куќа на естрадата во Србија

Кога станува збор за луксузните вили на естрадата, најчесто се споменуваат имињата на Драгана Мирковиќ, Лепа Брена и Саша Поповиќ.Сепак, највредната куќа е во сопственост на пејачката Вера Матовиќ. Нејзиниот луксузен дом на Дедиње е вреден дури три милиони евра и сето тоа го заработила од продавање уметнички слики.

Имено, оваа фолк-ѕвезда со децении собирала слики, главно од истакнати српски сликари од минатиот век, а по нејзини личен вкус најмногу дела имала од Урош Предиќ, Сава Шумановиќ и Паја Јовановиќ.

Вера со купување слики почнала уште во времето на Југославија кога цената за нив немала некаква голема вредност, а таа во тоа време заработувала многу малку, дел од продавањето плочи, нешто од настапи. За разлика од сите колеги на естрадата кои биле опседнати со недвижности, Вера одлучила да вложува во слики бидејќи, според нејзиното мислење, најдобра инвестиција била токму таа.

Нејзината огромна колекција од времето станала една од најреспектираните и најголеми на Балканот.

Видете како изгледа нејзината вила:

Scroll to Top