Пејачот Раста успеал да внесе дрога во затворот

Стражарите во затворот во Белград пронашле кесичка кокаин кај раперот Стефан Ѓуриќ – Раста, кој ја скрил во паричникот. Музичарот беше уапсен и приведен на 3 октомври кога полицијата кај него пронајде кокаин.

Станува збор за мала количина дрога, која стражарите ја откриле кога тој бил донесен во Централниот затвор во Белград.

По сослушувањето во Високото обвинителство, судот му одреди притвор до 30 дена и тој е префрлен во Централниот затвор. Како и кај сите притвореници што се донесени во затворот, на приемот во одделението на Раста му бил направен детален претрес. На големо изненадување на стражарите, кесичката со бел прав му била пронајдена во паричникот“, открива извор близок до пејачот.

Близок извор до пејачката Ана Николиќ открива дека таа нема намера да се смири со Раста и дека веќе поднела тужба за старателство над нивната ќерка.

Ана Николиќ го посети Раста во затвор, му се закани дека ќе му ја земе ќерката

 

Scroll to Top