Петар Грашо е хипоходрик, а Хана обожава долги прошетки: Хрватскиот пар открива какви се во приватниот живот

Долги прошетки и правилна исхрана, Хана Хуљиќ која го чека првото дете со сопругот Петар Грашо, откри како се грижи за нејзиното здравје. Таа откри дека во овој период премногу гугла за се што и е потребно за бременоста и мајчинството.

Додека нејзиниот сопруг Петар Грашо се грижи за неговото здравје кога и колку ќе постигне. Често патува, а тоа не му дозволува секојдневно да се грижи за своето здравје, но рече дека е голем хипохондрик.

Хана и Петар се венчаа на почетокот на оваа година во Сплит и го очекуваат нивното прво дете. Тие се во љубовна врска од изминатата есен, а се познаваат уште кога Хана била мало девојче.

„Сакавме со Хана фатен за рака пешки да се прошетаме низ малите сплитски улички па да дојдеме до црквата и да се венчаме. Се случи баш спротивното. Моравме да дојдеме со три црни коли и обезбедување, затоа што имаше 50 новинари“, раскажа Грашо за Репортер.

Scroll to Top