„Пинковата ѕвездичка“ го запозна Саша Ковачевиќ

Талентираната и најмлада „пинкова ѕвездичка“, која преку ноќ го освои регионот, Љуба Станковиќ, во интервју за српските медиуми откри кој пејач би сакал најмногу да го запознае.

Љуба открил дека сите членови од жирито му се драги, но дека најголема желба му е да го запознае Саша Ковачевиќ.

Неговата желба се исполнила еден ден подоцна.

„Воодушевен сум од енергијата, емоциите и домашното воспитување на ова момче. Минавме цело попладне и му посакав многу среќа и успех во градењето кариера! Голема почит кон родителите на овие прекрасни деца“, воодушевен бил Саша, а сликата со малиот Љуба ја објавил на „Инстаграм“.

Саша го нагостил во својот дом, а нивната средба, судејќи според фотографиите, била полна со емоции. И малиот Љуба сподели со своите фанови некои моменти со Ковачевиќ:

„Навистина им се заблагодарувам од сесрце на Саша, мојата сестра и моите родители што ми ја исполнија големата желба и што Саша одвои од своето драгоцено време да го мине со нас! Исто така му се заблагодарувам од срце на целото семејсто на Саша Ковачевиќ за прекрасното гостопримство и прекрасното дружење. Ве сакам многу!“

 

Scroll to Top