Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, подолго време е во љубов со бизнисменот Немања Живоиновиќ, кој е директор за маркетинг на автомобилска компанија
Сања неодамна откри дека љубовта помеѓу нив е уште од тинејџерските денови. Потоа секој од нив си тргнал по својот пат, но по 10 години, љубовта повторно ги споила, само овој пат ги прескокнале воведот и запознавањето.
„Јавноста не знае дека бевме во емотивна врска кога и двајцата имавме по дваесетина години. Кога повторно се сретнавме, тоа беше десет години подоцна. Тогаш ни почна вистинската љубов, ама ние ги прескокнавме воведот и запознавањето“, изјави Сања за српските медиуми.
Двајцата не се венчаа, но имаат две деца, синовите Андрија и Страхиња.