По настапот на Евросонг, Констракта се повлекува од сцената

Српската претставничка на Евросонг, Ана Ѓуриќ Констракта рече дека планира да се повлече од јавниот живот и сцената на неопределено време. Таа рече дека во моментов ѝ се потребни одмор мир и тишина.

„Сè ќе се среди и ќе си дојде на свое место. Мислам дека заслужувам мир, иако знам дека оваа приказна треба да заврши. Ми треба одмор, воздух. Тука сум, не одам никаде. Уметницата станува невидлива“, рече Констракта, која го освои петтото место на Евросонг во Торино.

„Тоа е нешто што ќе го паметам целиот живот. Сите ракоплескаа и викаа „Бити здрава, бити здрава“. Задоволна сум од петтото место. Можеби првото беше премногу амбициозно. Тоа беше микроизведба и една малку поинаква песна, со содржина, и луѓето тоа го препознаа“, рече пејачката.

По кратката пауза таа планира да има летна турнеја со бендот.

Scroll to Top