По негативниот тест, Огнен Амиџиќ испадна позитивен на корона

Српскиот водител Огњен Амиџиќ пред една недела беше примен во КБЦ „Бежаниска коса“ со двострано воспаление на белите дробови.

Иако двата направени теста покажаа дека тој е негативен на коронавирусот, лекарите инсистираа Амиџиќ да направи скенирање на белите дробови, како и тест на крвта, по што дефинитивно беше потврдено дека е заразен со Ковид-19.

Тој помина седум дена во болница, а бил пуштен вчера. Вели дека се чувствува добро .

„Фала му на Бога, добро сум. Пуштен од болницата и конечно дома со моето семејство. Се радувам на новата емисија во вторник навечер, која ќе биде спектакуларна“, изјави Амиџиќ по враќањето дома.

Scroll to Top