Ѓоковиќ првпат победува по шест месеци

По пауза од шест месеци, Новак Ѓоковиќ се врати на тениските терени и во егзибицискиот меч на Кујонг класик во Мелбурн во два сета го победи Австриецот Доминик Тим.

Моментно 14. тенисер во светот оствари победа за 64 минути, во сетови 6:1 и 6:4.

„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со ‘ракав’. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам што е можно подобро“, изјавил Ѓоковиќ по натпреварот. „Направив сè за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултати. Благодарност до публиката, мило ми е што се вратив.“

Scroll to Top