Почина хрватскиот глумец Шпиро Губерина

На 87 години, во Домот за стари лица во Загреб, почина легендарниот хрватски глумец Шпиро Губерина, најпознат по улогата на Јокан во „Вело мисто“, ТВ-серија што ја следеше цела Југославија.

Успешни улоги оствари во делата на Ранко Маринковиќ и Марин Држиќ, а настапи и во телевизиски и радиодрами, како и во неколку серии.

Шпиро Губерина во 2011 година ја освои награда за животно дело “Владимир Назор“.

Scroll to Top