Почина хрватскиот пејач Јасмин Ставрос по неколкумесечна борба со тешка болест.
Пејачот изминативе неколку месеци се бореше со тешка болест, а на почетокот на март на новинарите им потврди дека има рак на коските. Неколку дена подоцна потврдил дека лекарите се сомневале и на рак на желудникот.
„Сега имам ужасни болки, ме боли грбот. Одам на зрачење и тие зрачења се многу болни, морам да легнам и потоа да контактираат со моите нерви и страшно е болно, но ги поднесувам тие десет минути. Болеста почна кога некаде во првиот месец имав стомачни болки и потоа добив дуоденален улкус, итно ме оперираа во Карловац, па добив сепса и потоа ме префрлија на одделението во Карловац. Бев таму околу 12-13 дена и дојдов дома и утредента во Виноградска затоа што не ги поднесував болките, а не знаеја што ми е“, изјавил во таа прилика за ИН Магазин.
Пејачот пред две недели бил префрлен во Јордановац, откако состојбата му се искомплицирала.
Оваа вест потоа ја потврдил и лекарот Федор Шантек, специјалист по радиотерапија и онкологија од болницата „Ребро“ во Загреб, каде пејачот примил терапија со зрачење.
„Точно е дека пациентот е префрлен во Јордановац поради компликации. Не можам да кажам за какви компликации станува збор“, изјавил во таа прилика Шантек.