Учесникот на реалните програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ, попознат како Радашин, почина синоќа во родното село Љуптен.
Тажната вест за Блиц ја потврди и неговиот кум.
„Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, рекол кумот на Радашин.
Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа, а многумина коментираа дека е двојник на актерот Радош Бајиќ.
Последните денови од животот ги поминал во родното село со сопругата Златка, синот, снаата и внуците.