Полат од „Долина на волците“ осуден на 12 години затвор

By

Актерот Нечати Сасмаз, кого публиката го знае по улогата на Полат Алемдар од серијата „Долина на волците“, е осуден на 12 години затвор. Судот во Турција го осуди бидејќи тој во бракоразводната постапка приложил аудиоснимки од апликацијата „Ватсап“ од телефонот на неговата жена, кои ги добил неовластено.

Бидејќи долго време биле во процес на развод, Нечати ги искористил аудиоснимките да докаже дека сопругата Нагехан го изневерила. Но таа го тужела за хакерски напад и новластено објавување лични податоци. Судот пресудил во нејзина полза, бидејќи повредата на приватноста и хакирањето на социјалните мрежи, како и објавувањето приватни информации  е сериозно кривично дело според турскиот закон.

Актерот има право на жалба, но според турските медиуми, таа најверојатно ќе биде одбиена, па тој ќе мора да отслужи 12.години во затвор.

Ќе ви се допадне