Повеќе од 50.000 луѓе се потпишаа на петицијата со која се бара да му се забрани на Дино Мерлин да пее во Србија. Петицијата се појави за првпат на интернет страната Peticije.online на 27 јули и од тогаш бројките растат. И покрај тоа што босанскиот пејач распродаде три концерти во „Старк арената“ и веќе го пополнува и четвртиот, сепак има многумина кои не се согласуваат со настапите на Мерлин во Белград.
Не се согласуваат поради наводните изјави кои ги дал против Србите. Досега на петицијата се потпишале 51.889 луѓе, но бројката од минута во минута расте. На прво место е Белград со повеќе од 15.000 потписи, а потоа следат Нови Сад со повеќе од 3000 потписи, Ниш и Бања Лука со повеќе од 800 потписи, Краљево и Крагуевац исто така со повеќе од 1000 потписи, а на листата има и градови од цел Балкан.
Некои се и од Босна и Херцеговина, кои исто така се најдоа на високи пизици. Може да се видат и потписи од луѓе од Канада, Австрија, Шведска и други земји од целиот свет.
За потсетување, Дино Мерлин закажа четири концерти во Старк Арената во Белград, за 18, 19, 21 и 22 ноември, од кои три веќе се распродадени, а четвртиот се очекува да биде пополнет во рекордно време.
Закупот на Старк Арената чини 25.000 евра, што значи дека Мерлин има фиксна цена од 100.000 евра само од тоа, пренесоа српските медиуми. Сите бројки се однесуваат на 4 концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести концерт не е официјално закажан.
Добивката која би можел да ја оствари Мерлин од само овие четири концерти се претпоставува дека би можела да биде поголема од 3 милиони евра.