Пред финалето на ТЛЗП, Драгана заврши на инфузија

Вечерва е финалната емисија од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, а меѓу финалистките е и актерката Драгана Миќаловиќ. Но, неколку часа пред финалето, таа на својот инстаграм-профил објави видео дека завршила во болница, на инфузија.

„Вечерва е последната епизода на ТЛЗП. По дванаесет недели работа, минување низ разни физички и психички состојби, дојде крајот. Запознав прекрасни луѓе и некои од нив најдоа посебно место во моето срце. Ова беше големо искуство во секој смисол. Ви благодарам на сите што не гледавте, поддржавте, гласавте, навивавте. Ќе се видиме повторно некогаш и негде…“, стои во нејзината објава.

Таа сепак ќе настапи во финалето, а инфузијата ја примила зашто била преморена од бројните проби и настапи во изминативе месеци.

 

Scroll to Top