Предраг Ејдус: Подобро да умрев отколку да останев парализиран

Актерот Предраг Ејдус долги децении е присутен на јавната сцена. Глумел во преку 150 претстави, во бројни филмови и серии. Вели, желбата за глума никогаш не го напуштала, дури и кога лекарите му кажале дека постои шанса да остане парализиран. Ејдус од јавноста долго криел дека здравјето му е нарушено, дека бил во кома.

„Во еден период имав сериозни проблеми со здравјето, паднав во кома. Не се сеќавам на тие денови. Потоа сфатив дека постои голема можност да останам парализиран, па си реков: ‘Ништо, ќе им предавам на студенти, може да се глуми и во количка’. Глумата не ме напушташе ни кога бев очаен. Во еден момент помислив дека ќе е подобро да умрам отколку да останам парализиран, не заради себе, туку дека ќе им бидам товар на моите. За среќа, се извлеков. Јас сум еден од ретките што успеал да ја преживее таа болест“, рекол Ејдус во интервју за Азра.ба, но не открил за која болест станува збор.

Тој вели дека денес најмногу се грижи за своето здравје.

„Постојано одам на лекарски контроли. Ние како нација многу малку се грижиме за превенцијата на болести. А кога ќе ни се случи нешто страшно, почнуваме да се грижиме за себе. Денес ја следам здравствената состојба, секој месец одам на контроли, се дружам со моите доктори. Сфаќам дека се чувам не за да останм жив, туку за да можам да глумам“, додај Ејдус.

 

Scroll to Top