Преслаткиот Коста уживаше во хитовите на тато Жељко Јоксимовиќ

Жељко Јоксимовиќ синоќа во белградската арена Сава, го одржа вториот по ред концерт, под името „Два света“.

Поп пејачот повторно до последното место ја наполни салата, а покрај бројните познати имиња во првиот ред и како најважен гостин беше неговата сопруга, Јована Јоксимовиќ со синот Коста.

Видно расположен, Жељко со новинарските екипи пред излегувањето на сцена со Коста се распеа пред концертот, а откри и дека неговиот наследник, најмногу ги сака песните „Милиметар“, „Ѕвер“, всушност се што е со брз ритам.

Штом сите удобно се сместија и штом Жељко го запеа хитот на Тома Здравковиќ, „Два света сме различни“, малиот Коста почна да пее на глас со татко му и да го довикува.

Поради тоа што викал со целата сила, Јована почна да се смее.

А потоа се обиде да го стиши така што му ја покри устата со раката.

Погледнете го компелтниот разговор со Жељко и како изгледаше ситуацијата со Коста:

Видеото погледнете го на следниот линк:

Scroll to Top