Пронајден мобилниот на Владимир, а во него вознемирувачки фотографии

By

Во мобилниот телефон на Владимир Марјановиќ, свекорот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, пронајдени се голем број шокирачки фотографии, а меѓу нив се наоѓа и една фотографија во која Владимир прави селфи на гробот на Јелена.

Морбидните фотографии се сосема случајно откриени кога свекорот го изгубил телефонот. Момчето што го однело телефонот во полицијата вели дека тој бил прилично оштетен.

„Мојот татко го пронашол телефонот во непосредна близина на семејната куќа на Марјановиќ. Мобилниот целосно беше уништен затоа што, најверојатно, автомобил преминал преку него. Екранот беше целосно искршен, па го прикачив на компјутер за да видам дали има некакви информации за сопственикот, а на екранот се појави голема фотографија од Јелена, снимки и пораки. Кога го видов тоа, не ми беше добро“, изјавил Г.З. од Борчи за српските медиуми.

Ќе ви се допадне