„Првиот брак ми беше од љубов, која испадна расиплива стока“, Сузана Манчиќ за бракот со грчкиот бизнисмен

Сузана Манчиќ за бракот со грчкиот бизнисмен: Секогаш бев добра прилика!
Лото-девојката на Југославија Сузана Манчиќ (63) се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос пред две години. Беа во љубовна врска 18 години, а таа претходно беше мажена за Небојша Куниќ (70), член на некогаш популарната група „Седуммина младинци“. Со него има две ќерки, Теодора и Наталија.

Манчиќ за својот љубовен живот зборуваше во утринската програма на телевизијата „Хепи“, каде што ја најавија како една од најбогатите водителки во Србија.

„Бев добра девојка за брак. Убава, вредна, ќерка единица. Отсекогаш сум била добра прилика“, прокоментира Манчиќ.

Таа исто така зборуваѓе и за бракот со Симеон

„Првиот брак ми беше од љубов, а што се однесува до вториот, докажано е дека го сакам Симеон, во врска сме 20 години. Вториот пат погледнав со различни очи. Првпат се омажив од љубов, но како што можете да видите, љубовта е расиплива стока и исчезнува“, додаде Сузана.

Поранешна лото-девојка и грчкиот бизнисмен се венчаа во црква на островот Пилон, каде што Окомокос има куќа, а на денот покрај Манчиќ беа нејзините ќерки и нејзиното куче.

Манчиќ носеше необична дводелна венчаница и капа на главата, додека нејзиниот избраник се одлучи за едноставен  темен костум и бела кошула.

Scroll to Top