Рада Манојловиќ купува стан во Белград

Една од најбараните српски пејачки, Рада Манојловиќ, која веќе со години живее во Белград под кирија, сега има намера да го реши станбеното прашање и да купи стан во центарот на српската метропола.

Ѕвездата на „Гранд“ маркирала некои недвижности на Врачар и Црвениот крст, но како што пренесува нејзин колега, таа се одлучила за стан во Белград на вода.

„Рада конечно го послуша советот на семејството и колегите да го реши станбеното прашање. Сите ја разбираат што вложува во песните, спотовите и во куќата на село, но со тоа нема да заштеди пари што ги дава секој месец за кирија. Соработниците успеаја да ја убедат дека фановите нема да ѝ замерат ако не сними еден спот за да може да си дозволи да купи стан. Тие нема помалку да ги сакаат нејзините песни ако го реши станбеното прашање. Рада размислуваше да купи стан, гледаше неколку локации, а приоритет ѝ беше Врачар. Но, кога колегите ѝ предложија да ги погледне становите во Белград на вода, на Рада ѝ се допадна комплексот, особено еден стан, кој е комфорен и сончев“, вели нејзин близок пријател.

 

Scroll to Top