Пејачката Рада Манојловиќ во едно од интервјуата откри дека нема проблем да премине одредени граници за да ги задржи задоволни гостите на веселбите. Во една прилика дури се тркалала во калта и пеела на маса.
„Еднаш кога пеев на една забава во едно село околу Смедерово се тркалав во калта. Сè беше во ред кога стигнавме, шаторот беше поставен, но во меѓувреме почна да врне и настана хаос. Тогаш сè уште не бев во „Ѕвездите на Гранд“. Газдата стави ќебе за да се наредиме сите, но тоа се натопи со вода. Кога веќе гостите седнаа, седнав и јас. Го немам тој проблем, јас сум девојка од село. Сакав да направам добра атмосфера и сите се извалкавме“, рече Рада
„Никој не ме молеше да се тркалам во калта, само ме понесе атмосферата. Редовно се качував по масите и искрено да ви кажам убаво ми е. Ќе се качев и ќе му пеам на гостинот, а тој ќе ме почести. Треба да знаеш како со луѓето, затоа секогаш проверувам со сите дали ми оди добро, да им угодам. И кога се однесувате убаво со нив, има работа. Некој ќе се сети да те покани на прослава, на свадба. Затоа ги поддржувам сите колеги кои им угодуваат на гостите за бакшиш“, рече Рада.