Разбојници го киднапирале и ограбиле дедото на Јелена Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се огласија по грабежот и киднапирањето на нејзиниот дедо Милослав.

Семејството е во шок поради новонастанатата ситуација.

На Милослав Радисављевиќ (85) синоќа во домот му упаднале разбојници, го киднапирале и го однеле во поле оддалечено неколку километри. Тој бил пронајден следното утро од полицијата, врзан за далновод.

Милослав, дедото на Јелена Ѓоковиќ, поради сите околности не е во состојба да дава изјави за медиумите, исто како и Новак и Јелена. Тие ѝ се заблагодарија само на полицијата за брзата реакција.

„Истрагата е сè уште во тек и се бара разбирање од јавноста за малиот број информации“, се вели во заедничкото соопштение.

МВР: Украле 26 000 динари и го врзале

Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле утрото осумдесетгодишниот старец врзан за метална конструкција, а на себе немал никакви видливи повреди.

Полицијата веднаш направила информативен разговор. Дедото изјавил дека околу 3 часот утрото во неговата куќа влегле двајца маскирани разбојници и од паричникот му украле 26 000 динари, мобилниот телефон, а потоа го изнеле од куќата и го врзале за далновод.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи го известиле Високото јавно обвинителство и интензивно трагаат по сторителите.

 

 

Scroll to Top