Рита Ора пееше на прославата на независност на Косово

Пејачката со албанско потекло Рита Ора, пееше синоќа на прославатана 10 годишнината од самопрогласувањето на независноста на Косово.

Рита во пресрет на настапот објави неколку фотографии од Приштина на Инстаграм.

Пејачката не можеше да го сокрие воодушевувањето од она што го видела од прозорот на својата хотелска соба.

Концертот почнал околу 22 часот, а знамињата од самопрогласената држава Косово и албанските знамиња се вееја на сите страни.

Веднаш по концертот, Рита Ора со приватен авион замина од Приштина

Scroll to Top