Откако на својот Инстаграм покажа како се забавува во Дубаи, каде меѓу другото го посети и познатиот Музеј на иднината, Сања Долежал покажа нови фотографии од своето патување.
Пејачката и водителка ја посетила џамијата Шеик Зајед во Абу Даби, а во таа прилика позирала облечена во бел хиџаб и ленен фустан.
„Прекрасна и неверојатно убава“, напиша таа покрај објавата, а некои следбеници се пошегуваа во коментарите и ја прашаа: „Ти ли си тоа?“
Локалните медиуми потсетуваат дека 60-годишната Сања пред неколку години се преселила во викендица во село, а на Инстаграм често објавува фотографии на кои покажува како ужива во природата и планинарењето.