Сара Милетиќ се пофали со Тесла на „Мис туризам“ и освои титула

Во Мелака, Малезија, се одржа светскиот избор за „Мис туризам“, а белграѓанката Сара Милетиќ  стана втора придружничка. На изборот победи Мис Колумбија.

„Успеав на најдобар начин да ја претставам мојата земја, како европска и светска туристичка дестинација. На жирито му раскажав за српската историја и традиција, се пофалив со Тесла, со светски познатите спортисти, но и со историските споменици под заштита на УНЕСКО“, рекла Сара по освоената титула.

Македонија немаше своја претставничка на ова натпреварување.

Scroll to Top