Саша Лошиќ: „Порано немаше интернет, се додворувавме со песни“

„Плави оркестар“ беше еден од најпопуларните бендови во 1980-те години во поранешна Југославија, а нивните песни како „Суада“, „Боље бити пијан него стар“ и „Солдатски бал“ се слушаат и денес. Бендот по многу години одржува концерти во поголемите градови во регионот, а фронтменот, Саша Лошиќ е повторно во центарот на вниманието на босанските медиуми.

Иако немаат нови песни, на концертите ги пеат своите најголеми хитови, а такви има многу.

„Не знам дали денешните тинејџери знаат, но во наше време немаше интернет. Ако сакавме да фатиме девојка, ѝ се додворувавме со песна. Бевме бунтовници, рокери, панкери, ама пеењето секогаш беше најискрениот начин да се дојде до женското срце“, рекол популарниот Лоша во едно интервју.

Scroll to Top