Саша Поповиќ открива кој за две години ќе ја преземе „Гранд продукција“

By

Саша Поповиќ можеби е во врвот меѓу оние што имаат влијание на естрадата и кои шоу-бизнисот го разбираат до толку што е незамисливо некогаш да излезе од него.

Во врска со тоа, кога ќе се каже „Гранд“, првата асоцијација паѓа токму на Саша Поповиќ, но тој сопственик на оваа империја ќе биде уште две години!

Имено, како што открива тој, „Гранд“ за две години ќе го промени сопственикот.

„За две години американската компанијата „Јунајтед груп“ ќе го преземе 100 отсто сопствеништвото над „Гранд“, но јас и понатаму ќе бидам на негово чело. Моите и децата на Сузана се дел од приказната и се разбира дека би сакал да го продолжат мојот занает, но ќе видиме на кој начин“, откри Саша.

Веруваме дека оваа вест и неговите зборови прилично ги изненадија сите што имаат врска со музиката, но и оние што немаат. Големо прашање е што тогаш ќе стане со „Ѕвездите на Гранд“ и дали можеби ќе ја гледаме последната сезона од ова музичко натпреварување.

Да потсетиме, Саша Поповиќ со Сузана Јовановиќ ја има ќерката Александра, а пејачката од првиот брак го има синот Даниел, кој Поповиќ го прифати како свое дете.

Познато е дека Сузана во периодот кога го запознала Саша пеела на големо, но микрофонот го закачила на ѕидот кога го запознала него.

А сега ја открива и причината.

„Престанав активно да пеам и се посветив на семејството. Кога Александра се роди, малку по бомбардирањето, посакав да останам дома и да ја преземам улогата на мајка и домаќинка и никогаш не зажалив. Кога ќе видам како стојат работите денеска на терен, мислам дека Господ ме чувал од некои лоши работи. Не би го менувала својот мир за ништо на светот“, искрено проговори Сузана.

 

 

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animetv.cc: Watch Gungrave (Dub) animetv Episode 26 netflix anime tv shows

Dragon Slayer Eiyuu Densetsu: Ouji no Tabidachi (Dub) Episode 1

Website https://animeheaven.pro: Watch Noblesse: Pamyeol-ui Sijak animeheaven Episode Full animeheaven one piece

Hub docker: https://hub.docker.com/u/gogoanimebe

Zeef: https://zeef.com/profile/gogoanimelol