Се омажи српската глумица Анѓелка Прпиќ

Српската глумица Анѓелка се омажи со својот партнер Марко Жугиќ. На свадбата присуствуваа само мал број луѓе, а Анѓелка гостите ги однесе на ручек во ресторан кај Земунскиот пазар.

Рече дека за разлика од другите кои сакаат убав ентериер и скапа венчаница, таа сакала мала и интимна церемонија на место во кое храната е на врвно ниво.

Во ресторанот служеле свежо печен и домашен леб со мока, а со него и квалитетно вино или други домашни пијалоци. На свадбата и прославата присуствуваа најблиските пријатели и семејството. Меѓу познатите беа водителките Марија Килибарда и Славко Белеслин, како и актерката Ања Мандиќ.

За потсетување, Анѓелка претходно беше во брак со Дарио со кого се разведе откако ја изневерувал со хрватската старлета Ава Карабатиќ.

Scroll to Top