Српскиот актер Бојан Лзаров (50) изврши самоубиство, скокајќи од мост на Ада. Тој веќе подолго време се бореше со депресија. Тажната вест за неговата смрт ја објави актерката Јелена Гоќиќ која се прости од него преку Инстаграм.
Лазаров ја стекна својата слава со улогите во „Замки“, „Белградска фантомка“, „Мирис на дожд на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато “.
Животот на овој актер го одбележа борбата со тешката депресија, а пред две години се обиде да си го одземе животот, но тогаш лекарите успеаа да го спасат. Зад себе остави две деца, кои ги доби од бракот кој заврши со развод.
Бојан Лазаров беше член на ансамблот на Малиот театар „Душко Радовиќ“. Студираше глума на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професорот Бора Драшковиќ. Од 1996 година професионално глумеше во театар, филм и телевизија. Беше член на Народниот театар во Сомбор. Имаше одиграно бројни улоги во театрите во Белград и Сомбор.