Викендов започна снимањето на биографскиот филм за славниот покоен српски пејач Тома Здравковиќ. Продуцентите Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ, повеќе од една година го подготвуваа сценариото и ги одбираа најдобрите глумци.
Главната улога му ја доверија на Милан Мариќ, а Тамара Драгичевиќ ќе ја толкува Силвана Арменулиќ. Сценариото е на Никола Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ, додека филмот ќе го режира Зоран Лисинац, кој веќе повеќе од една деценија работи и живее во САД.
„Тома Здравковиќ беше нарекуван „поет на тагата“. Тој пееше од срце, и за душа. Сите го сакаа. Дури и оние што не слушаат народна музика го сакаа и слушаа Тома. Дури и денес, 30 години по неговата смрт, неговите песни се слушаат и се нарачуваат во кафеаните. Исто така, тие се пеат и
нарачуваат и од оние кои не знаат кој бил Тома“, вели Бјелогрлиќ.
Бјелогрлиќ нагласи дека посебно внимание ќе се посвети на музиката, за која живеел Здравковиќ.
„Треба да размислиме на што ќе се сеќаваме од животот. Овој филм е за тоа“, истакна Јоксимовиќ.
Тома Здравковиќ е роден 1938 година, а почина на 30 септември 1991 година.
Премиерата на „Тома“ е предвидена за почетокот на следната 2021 година.