Сека Алексиќ проговори за наводната тепачка со Дара Бубамара

И покрај тоа што до неодамна приказните дека Сека Алексиќ и Дара Бубамара повеќе не се во добри односи беа само шпекулации, сега и официјално е потврдено дека долгогодишното пријателство меѓу двете пејачки е готово.

Сѐ почнало за тоа што и двете фолк-ѕвезди планираат да одржат голем солистички концерт годинава во април во „Штарк арената“ во Белград.

Но, иако на некои им се чинело дека тоа нема да биде доволно силна причина да се наруши долгогодишното пријателство, на крајот се утврдило дека е поинаку.

„Еден ден само влегов на „Инстаграм“ и видов дека Дара и јас сме се истепале. Тоа не е вистина“, се осврна Сека веднаш на приказната за наводната тепачка во дворот на нејзината куќа.

„Веќе реков дека Дара е гневна што јас имам планирано концерт во „Арената“, иако мене тоа не ми е јасно зошто. Јас исклучиво се радувам кога некој од моите колеги има концерт во „Арената“, како што се радувам што имаат и Пејовиќ, Матиќ и Лукас. Кога некој има концерт таму, драго ми е, значи дека заслужува да ја наполни и дека, на крајот на краиштата, треба да се занимава со организација, реклами и сѐ друго. Тоа е исклучително голема работа“, изјави Сека.

„Јас изјавив дека не ми е јасно зошто не им се лути на другите колеги. За Матиќ веќе почна рекламата, се поклопува и со мојот и со нејзиниот термин. Пејовиќ исто така почна со рекламата за концертот и тој е некаде во април, така што не гледам причина зошто ми е лут само на мене“, заклучи Алексиќ за „Премиер“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top