Северина го изгуби синот затоа што ги навредувала социјалните работници и Милан

Хрватската пејачка Северина Којиќ го загуби старателството над нејзиниот син Александар, затоа што ги навредувала социјалните работници нарекувајќи ги крави, пишуваат српските медиуми.

Судот во Загреб неделава одлучи Александар да продолжи да живее со неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, а дел од медиумите ја објавија судската пресуда и точките под кои е наведено зошто на Северина треба да и се одземе синот.

Тие пишуваат дека покрај тоа што пејачката ги навредувала социјалните работници, таа упатила погрдни зборови во судот и кон нејзиниот поранешен партнер Милан, нарекувајќи го сељак. Во пресудата е наведено дека таа одбивала да соработува со институциите и не му дозволувала на Александар повеќе од еден месец да оди во школо.

Потоа во една од точките е наведено дека од школото поднеле и пријава за занемерување на детето, а Северина и медиумски го експонирала Александар.

Деновиве во регионот на големо се пишуваше за одлуката на судот во Загреб, според кој на хрватската пејачка и е одземено старателството над синот. Медиумите пишуваат дека во Србија, но и во другите држави, праксата покажува дека малолетните деца во случај на развод, најчесто завршуваат кај своите мајки.

Исклучок на ова се случаите поради природата на работата, лечењето, издржувањето на казна затвор, како и кога мајката ќе го препушти старателството на таткото.

Северина го изгуби старателството над синот

Scroll to Top