„Сосема е бесмислено мене да ми се нуди да ја играт таа улога, како што е сосема бесмислено да кој било би можел да поверува дека таквата понуда би ја прифатил“, изјавил Раде Шербеџија, за наводната понудена улога од страна на млад албански филмски режисер, да игра во филм за терористи и да го глуми ликот на таканаречениот водач на ОВК Адем Јашари.
Тој имал и порака за режисерот Љуана Крузија.
„Сакам да му порачам дека сум пријател на голем број на албански актери, со Беки Фехми, Фарук и Истрафер Беголи, Енвер Петровци и многу други. Во своето срце и паметење ги носам не само како величествени уметници, туку и како чесни и прекрасни луѓе, кои биле горди и вистинољубиви“, истакна Шербеџија и додаде.
„Ако сакате да се занимавате со вистинска уметност, морате да знаете дека вистианта е првиот услов за да се стане уметник.