Шерифовиќ, Сека, Бојан Маровиќ – Адил ја преполни „Сава центар“ со ѕвездите

By

Адил Макеимовиќ вчера на 17 ноември го одржа првиот концерт во Големиот Сава центар, а од првите редови го следеа неговата сопруга Ана Рамадановски и нивниот син.

За вчерашниот негов стајлинг бил задолжен Саша Видиќ, а прва на концертот пристигна сопругата на пејачот Ана, во црна елегантна комбинација.

Гости на неговиот концерт, кој со месеци го очекуваа, беа Марија Шерифовиќ и Салџа Алегро, кои на пејачот дополнително му ја подигнаа сјајната атмосфера во преполната сала.

„Горд сум што мојата сопруга и дете се во првиот ред“, изјави Адил додека Марија се пошегува со него, велејќи му дека е „контрол фрик“.

Сека Алексиќ со сопругот Вељко Пилјикиќ, исто така уживаше во концертот, а поради него дури и го откажала нејзиниот настап.

Новиот концерт на Адил поради големиот интерес на публиката веќе е закажан за 23 ноември, исто така во Сава центарот, а многу веројатно е дека пејачот и тогаш ќе собере голем број на познати личности и колеги и на публиката ќе и приреди вечер за паметење.

Во Сава центарот уживаа и Мелина Џиновиќ, Бојан Маровиќ, Оги Радивојевиќ, Дајана Пауновиќ, Илда Шаулиќ, Весна Дедиќ. Зорица Брунцлик и Кемиш, Игор и Мина Костиќ со ќеркичката како и многу други.

 

 

Ќе ви се допадне