Синот на Гоца Божиновска доживеа несреќа

Синот на српската пејача Гоца Божиновска, Мирко Шијан, доживеа сообраќајна несреќа, пишуваат српските медиуми. Во автомобилот со Мирко била и неговата девојка Бојана Родиќ. Наводно несреќата настанала по нивната жестока кавга во автомобилот, пишуваат медиумите.

Мирко и Бојана и претходно се расправале поради нејзниот претходен љубовен живот. Бојана пред Мирко беше во врска со актуелниот учесник на реалното шоу „Задруга“, Стефан Кариќ, а потоа и со Костадин Терзиќ, синот на првиот човек на Црвена Ѕвезда.

 

Според пишувањата на српски „Курир“, штетата од несреќата не е мала. Автомобилот бил на Бојана, а истиот ден е однесен на проценка, затоа што е осигуран. Таа ги презела сите трошоци на свој грб, додека Мирко само помогнал да најде мајстори.
На социјалните мрежи се појави фотографија од нив двајцата како јадат сендвичи, додека мајсторите го поправаат автомобилот.
Медиумите пренесуваат дека двајцата се обидувале на почетокот да ја сокријат незгодата од очите на јавноста, па дури и од Гоца, која не сакала да дава какви било коментари за медиумите во врска со несреќата.

 

Scroll to Top