Музичарот Халид Бешлиќ откри дека е најомилениот пејач на хрватските фудбалери затоа што тој ги забавувал гостите на десетина свадби на хрватските репрезентативци.
– Ги имаше многу. Срна, Лука. Сигурно биле седум, осум, десет. Па, малку се шегувам кога ме прашуваат за кого навивам, велам за хрватската репрезентација, а кога ќе ме прашаат зошто, кажувам нив – ги оженив сите! – изјавил на шега Бешлиќ за Ин Магазин.
Многу му значи поддршката од сопругата која ја слуша секоја негова песна.
– Таа на тоа гледа на природен начин, не размислува за тоа, само кажува што сака. Знам дека тоа го кажува од срце – изјави Бешлиќ.
Ја откри и тајната на успехот на неговиот брак.
– Едноставно сме одговорни луѓе еден кон друг, и толку – кратко вели тој.
Центарот на светот денес се неговите внуци близнаци.
– Не бев ни свесен колку тоа ќе ми значи, во овие сериозни години во кои веќе влегов. Среќата околу нив ме прави млад. Внуката е музичка, внукот не покажува интерес за музика, го интересира само фудбалот, Меси, Роналдо и тоа е она што го интересира – рече тој.