Снежана Ѓуришиќ се откажа од синот

Снежана Ѓуришиќ се откажа од својот син, кој веќе еден месец живее во стан кај својата пријателка, а понекогаш преспива и во бар зашто пејачката не сака да го прими дома.

По долгиот период молчење, синот на фолк-пејачката Снежана, Марко Гвозденовиќ, одлучи да проговори и да открие во каков однос е со својата мајка.

– Кога ме уапси полицијата, се јавив на мајка ми, а таа ми рече: Ти тука немаш куќа, се скаравме кога си замина. Буквално се одрече кога заминав за Америка. Не сме во добри односи, едноставно правев многу грешки и затоа не сака да разговара со мене. Јас ѝ кажав многу работи в лице, кои можеби не ѝ одговараа – вели Марко.

Најголемиот проблем започнал кога починал сопругот на Снежана и негов татко.

– Кога почина тато, почна голема нетрпеливост поради работата што не можев да ја извршам. Тогаш мама ми велеше дека таа ќе ми најде работа, а потоа пак ќе ми префрлеше дека не барам работа. Знаев да ја навредам и да ѝ кажам грди нешта. Имавме големи несогласувања по смртта на татко ми – додава Марко.

Семејните проблеми се зголемиле по сообраќајката што Марко ја предизвикал возејќи под дејство на алкохол, во која загинала неговата тогашна девојка Јелена, а Марко завршил во затвор.

По три години затвор, одлучува да оди за Америка, каде што поради истечено осигурување на автомобилот, полицијата му пишала казна од 3.000 долари и тој ѝ се јавил на пејачката, а таа му рекла дек тој веќе нема куќа и мајка, па откако се вратил, живее кај пријателка.

– Јас ја барам, а таа не ми се јавува – рекол Марко

Тој исто така е разведен од сопругата, со која има две деца.

– Се пишуваше и дека сум ја тепал, но тоа не е вистина. По разводот, пиев многу и кога ќе дојдев дома, мајка ми и сопругата веднаш ме напаѓаа, а во еден случај мајка ми повика и полиција, која ме уапси, а потоа се покаја за тоа, но не бев насилен спрема нив – рекол Марко.

Scroll to Top