Сопругот на Николина Пишек бил пијан пред да почине, покажала обдукцијата

Воспаление на срцевиот мускул од вирусно потекло е причината за смртта на сопругот на хрватската водителка Николина Пишек, Видоје Ристовиќ. Покажале резултатаите од обдукцијата на Институтот за судска медицина, Медицински факултет во Белград.

Смртта на Видоје настапила на 8 мај 2022 година, дваесет и две минути по полноќ. Токсиколошката анализа утврдила дека Ристовиќ бил во тешка алкохолизирана состојба, имал дури 2,83 промили во крвта. Конзумирал и лекови седативи, но во количини кои не биле доволни да предизвикаат смрт.

Со анализата не е утврдено присуство на наркотици и други недозволени психоактивни супстанци како кокаин, хероин, амфетамини, МДМА.

Scroll to Top