Сораја пишува книга без цензура

Српската старлета Сораја Вучелиќ пишува книга, вели книгата ќе биде без цензура. Таа одлучила со јавноста да подели детали од својот живот за кој не се знае речиси ништо, но низ анегдоти да спомене бројни јавни личности. Сораја се дружи со некои од најмоќните и најпопуларни лица во Србија.

„Толку многу се пишуваше и зборуваше за мене што мислам дека е жално да не објавам книга. Некогаш не бев во ситуација да одговорам на некои трачеви или коментари, па сега вистината ќе биде обелоденета“, рекла Сораја.

Таа рекла дека ќе открие сè за палењето и уништувањето на нејзините скапи автомобили, за дружењето со контроверзни политичари, бизнисмени, луѓе од естрадата, ама и од српското подземје. Сораја додала дека книгата ќе предизвика вистински хаос, дека но не ја интересира што јунаците од нејзините приказни не сакаат некои тајни да се дознаат.

Според старлетата, таа имала материјал за два романа и дека веќе размислува и за продолжение на книгата, но дека без оглед на сите закани нема да дозволи некој да ја цензурира.

Scroll to Top